Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, остро ја критикуваше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Газа, опишувајќи ги таквите идеи како „апсурдни и смешни“, предупредувајќи дека тие можат да предизвикаат дополнителни конфликти во регионот и да го „запалат“, објави Ројтерс.
Трамп за време на заедничката конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека САД сакаат да ја преземат контролата врз Газа, да ја исчистат областа од опасните бомби и друго оружје и да ја обноват уништената инфраструктура.
Тој рече дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа и ја опиша својата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.
Тој, исто така, истакна дека САД ќе обезбедат економски развој со неограничени работни места и домување за луѓето во областа.