Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, остро ја критикуваше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Газа, опишувајќи ги таквите идеи како „апсурдни и смешни“, предупредувајќи дека тие можат да предизвикаат дополнителни конфликти во регионот и да го „запалат“, објави Ројтерс.
Трамп за време на заедничката конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека САД сакаат да ја преземат контролата врз Газа, да ја исчистат областа од опасните бомби и друго оружје и да ја обноват уништената инфраструктура.
Тој рече дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа и ја опиша својата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.
Трамп побара Јордан, Египет и другите арапски држави да примат 2 милионa Палестинци од областа.
Обединетите нации процениле дека расчистувањето на над 50 милиони тони урнатини предизвикани од израелското бомбардирање на Газа ќе трае 21 година и ќе чини 1,2 милијарди долари.