Началникот на израелскиот Генералштаб Херзи Халеви поднесе оставка, наведувајќи ги неуспесите на израелската војска во врска со терористичките напади на 7 октомври 2022 година, предводени од Хамас, соопшти денеска воен портпарол.
Оставката на Халеви ќе стапи во сила на 6 март, рече портпаролот, пренесе ДПА.
Чекорот дојде „во време кога израелската војска постигна значајни достигнувања и е во процес на спроведување на договорот за ослободување на нашите заложници“, изјави Халеви.
Досега неколку израелски воени претставници поднесоа оставка откако 1.200 луѓе беа убиени од палестински милитанти во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.
Околу 250 луѓе беа киднапирани во Појасот Газа во нападите без преседан, кои го наведоа Израел да почне војна на палестинската територија.
Многу Израелци го обвинија премиерот Бенјамин Нетанјаху дека не преземал лична одговорност за политичкиот и воениот неуспех на 7 октомври.