Лето, сонце и пливање – Хајди Клум (53), позната супермоделка и водителка, ужива во секој слободен момент со својот сопруг. Обожава да се сонча и да ја покажува својата беспрекорна фигура на социјалните мрежи…
Ова лето, познатата манекенка Хајди Клум е поактивна од кога било на социјалните мрежи, па затоа секојдневно ги почестува своите обожаватели со нови жешки објави.
Германскиот супермодел Хајди Клум овој пат повторно ги „запали“ социјалните мрежи, а како поинаку ако не со нова објава во танга-бикини и топлес.
На ред дојде видеото во кое таа облечена само во танга-бикини влегува во море, а голите гради ги покрива со рацете. Хајди и на 53 години воодушевува со своето тело, ја покажа својата витка линија и начинот на кој се опушта.
Се чини дека нејзиниот сопруг, Том Каулиц, веќе има искуство во фотографирањето на атрактивната Германка, која еднаш рече дека се чувствува најубаво кога е целосно гола.
Неколку денови подоцна, Клум објави повторно фотографија во бикини, овој пат во сино минијатурно, додека се разладува во базен пиејќи го своето омилено смути.