Background

Гувернерот на централната банка уверува дека стапката на дезинфлација продолжува

Македонската економија, и покрај неизвесноста присутна на глобалната сцена, и понатаму покажува стабилна динамика на закрепнување. Според пролетните проекции на централната банка, економијата годинава ќе порасне за три проценти, а на среден рок се очекува раст од околу четири проценти. Основното макроекономско сценарио упатува на солидна динамика на натамошно економско закрепнување, вели гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, нагласувајќи дека носители на растот ќе бидат инвестициите, како и кредитната поддршка за компаниите.

И покрај умерената нагорна ревизија на проектираната инфлацијата, во интервјуто за Пари, гувернерот уверува дека процесот на дезинфлација продолжува, со очекување на среден рок стапката да се сведе на историскиот минимум.

– Сметам дека и во 2025 година и на среден рок треба да продолжи нормализирањето на фискалната политика и градењето на фискален простор за справување со нови и неочекувани ризици. Во оваа насока позитивно е тоа што среднорочната фискална стратегија предвидува континуирана фискална консолидација, при што се планира буџетскиот дефицит од четири проценти оваа година да се намали на 3,5 проценти наредната година, а потоа да продолжи да се намалува понатаму на три и под три проценти, и мислам дека треба да се опстои доследно на оваа патека – вели Славески.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation