Background

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис го потпиша законот со кој аеродромот Палм Бич ќе се преименува во „Меѓународен аеродром претседател Доналд Џ. Трамп“, откако Претставничкиот дом и Сенатот го усвоија предлогот минатиот месец

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис го потпиша законот со кој аеродромот Палм Бич ќе се преименува во „Меѓународен аеродром претседател Доналд Џ. Трамп“, откако Претставничкиот дом и Сенатот го усвоија предлогот минатиот месец.

Законот ќе стапи на сила на 1 јули, по одобрувањето од Федералната администрација за воздухопловство. Официјалните владини записи и мапи ќе бидат ажурирани за да го одразат новото име на аеродромот.

Аеродромот ќе добие и нов код: „ДЏТ“ (DJT).

- Advertisement -
Ad image

Законот го предложи пратеничката Мег Вајнбергер. Таа претходно оваа година помогна во именувањето на „Булеварот на претседателот Доналд Џ. Трамп“, дел од патот што го поврзува аеродромот со приватната вила на Трамп, Мар-а-Лаго.

Иако демократите изразија загриженост дека семејството Трамп би можело да профитира од промената на името, портпарол на „Организацијата Трамп“ нагласи дека претседателот и неговото семејство нема да добиваат авторски права, лиценцирани такси или каква било финансиска компензација.

Организацијата е подготвена да го обезбеди правото да се користи името на амеррианскиот претседател без компензација.

– Да биде јасно, претседателот и неговото семејство нема да добиваат никакви авторски хонорари, лиценцирани такси или каква било финансиска компензација од предложеното преименување на аеродромот – изјави Кимберли Бенза, извршна директорка на „Организацијата Трамп“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation