Топ Вести - Слушај сега
Охридскај со јавни прашања за сомнителни привилегии и финансиски несовпаѓања од 2017 година
Јовчески во своето обраќање истакна дека разговорот со директорката на Националниот парк Галичица го снимал и ако имало потреба ќе го објави. Но неовластено снимање и употреба на неовластен материјал е кривично дело,за што МВР и ЈО треба веднаш да интервенираат.
Јовчески најнапред цело време се повикува и го прашува раководството дали исплаќало на Охридскај годишен надомест за закуп на медиумски простор. Одговорот на редакцијата Охридскај е јасен, дециден и истиот нема тајност.
Точно е дека редакцијата Охридскај години наназад има договор за деловно-техничка соработка со НП Галичица, кој е на симболична сума од 1.000 евра, или 10 пати пониска цена од редовниот ценовник на Охридскај. Во изминатиот период, Охридскај покрај промоција и објава на активности на Националниот парк изготви и поопсежен видео материјал „Убавините на Галичица”.
Но се поставува отворено прашањето: зошто Ѓуро Јовчески го споменува само Охридскај, а не ги споменува интернет порталите со далеку помала посетеност од Охридскај, како што се ohridnet, ohridnews, ohrid1, tvm и други? Со сите овие интернет портали НП Галичица исто така има годишни договори, а Јовчески добро знае со оглед дека е чест гостин на истите.
Јовчески во своето вчерашно обраќање преку социјалните мрежи е јасен и дециден во своите закани искажани до директорката на ЈП Галичица, за што треба веднаш и недоложно да реагираат органите на прогон.
Прв ултиматум: „Или ќе ја разрешите Сања Рилкоска од УО и ќе ме поставите мене, или ќе правам штрајк на вработените и штрајк со глад” – е првиот услов искажан јавно до раководството на НП.
Втор ултиматум: „Или ќе поставите членови на УО кои ќе ги предложам јас, или пак ќе ви правам проблеми” – е второто барање, па оди до таму да установата влијаела пред македонските судови за да ги добиел судските предмети кои тој ги водел.
Ноторен факт е дека Ѓуро Јовчески перманентно се заканувал и на вработените и на раководството во Националниот парк Галичица во континуитет веќе 12 години.
Се повикува дека тој бил претседател на синдикатот, но не кажува на кој синдикат, со оглед дека таму има две синдикални организации и колку од неговите членови му даваат подршка, со оглед дека позади него не видовме никој од вработените.
Се повикува на неговото приватно здружение кое го именувал свесно – Здружение ЈУНП Галичица, во чиј титулар на име на здружението свесно ја вметнал “Јавна научна установа Галичица”, со цел да создаде забуна со името на јавната установа, за што треба да даде одговор Јавното обвинителство.
Редакцијата Охридскај јавно го прашува Ѓуро Јовчески и раководството на НП Галичица:
1. Службено возило 24/7: Со која одлука на лицето Ѓуро Јовчески му е дозволено користење на службено возило 24 часа на ден, 365 дена, ако се знае дека по закон возилата вон работно време треба да бидат паркирани во установата?
2. Претрес на патници: По која одлука лицето Ѓуро Јовчески врши претрес на патници и возила низ сообраќајниците кои гравитираат во Националниот парк?
3. Узурпација на планинарската куќа: По чија одлука лицето Ѓуро Јовчески ја узурпирал планинарската куќа на Асанѓура, во која прави седенки во работно време, но и по која одлука за чистење и одржување на истата планинска куќа се користи хигиеничарката во дирекцијата на НП Галичица, која лицето Ѓуро Јовчески неколку пати неделно со возило на Националниот парк ја носи на чистење во Асанѓура?
4. Финансиски несовпаѓања: Од аналитичката книговодствена картичка од НП Галичица јасно може да се увиди дека во 2017 година, кога Ѓуро Јовчески управувал со финансиите од закуп на пловни објекти, сплавови и наплата на карти во НП, прикажал 1.600.000 денари. Веднаш откако бил разрешен од тоа работно место, прикажаниот промет од наплата се подигнал на 5.600.000 денари, или 4 пати повеќе отколку што прикажувал Јовчески, за ист број на закуп на чамци, сплавови и слично. (Прилог бр. 1)
5. Лов на елени: Кој организирал лов на елени во НП Галичица во време кога Јовчески бил дежурен во НП Галичица? (Прилог бр. 2)
П.С. Тоа што Јовчески се заканува преку пораки и негови коментари и објави на социјалните мрежи кон уредникот Сашо Денесовски, за тоа има надлежни органи кои ќе си преземат.
Продолжува…
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
