Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево преку видео на социјалните мрежи информираше дека Владата на денешната седница донела одлука за отворање Генерален конзулат во Корча, Република Албанија.
– Грижата за Македонците во Албанија не ја покажуваме со зборови, туку со конкретни дела. Македонците од Мала Преспа, Подградец, Голо Брдо и Гора се предалеку од Тирана – време е да им се доближиме – истакна министерот Муцунски.
Тој појасни дека со оваа одлука, македонските државјани кои живеат во овие области ќе добијат побрз и полесен пристап до конзуларни услуги, како и поддршка за културни, образовни и економски врски.
– Целиме кон посилна грижа за интересите на нашите граѓани. Брз, достапен и квалитетен сервис. Ова се конкретни чекори, не празни зборови – подвлече Муцунски.
Генералниот конзулат ќе има јурисдикција врз подрачјата Корча, Мала Преспа, Подградец, Голо Брдо и Гора, и ќе работи во целосна координација со Амбасадата во Тирана. Неговите клучни надлежности ќе опфаќаат обезбедување конзуларни услуги, економска и културна промоција, како и унапредување на билатералната соработка во поширокиот регион.
Tagged as:
Грижата за Македонците во Албанија ја покажуваме со дела порача Муцунски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
