Американскиот претставник за трговија Џејмисон Грир денеска потврди дека таканаречените реципрочни царини, најавени од претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе стапат во сила утре.
Грир изјави дека САД моментно преговараат со околу 50 земји, но дека не можат да го чекаат исходот од тие разговори.
– Царините стапуваат во сила истовремено со започнувањето на непосредните преговори – рече Грир.
Новата царинска стапка, која се применува на речиси сите земји, е дополнување на постојните мерки. Сепак, неколку земји нема да бидат погодени од новото зголемување, бидејќи уште од 5 април се под царина од 10 отсто на целиот увоз.
Меѓу земјите што се изземени од утрешните повисоки царини се Обединетото Кралство, Аргентина, Австралија, Бразил и Саудиска Арабија.