Дека навистина сезонскиот грип има некарактеристични симптоми потврдува и директорката на Институтот за јавно здавје, Марија Андоновска, но уверува дека мутациите на грипоп не треба да не загрижуваат.
– Вирусите постојано мутираат и тоа не би требало да не загрижува, но бара редовно ажурирање на составот на вакциите. Вирусот има ненадеен почеток со висока темпеатура која трае три до пет дена. Покрај познатите симптоми, надразнителна кашлица, висока телесна температура и болки во мускулите, се забележуваат и зголемени лимфни јазли на вратот и на другите делови од телото. Апелираме, дококу симптоми се влошат, пациентите да побараат лекарска помош – истакна Андоновска за телевизија Канал 5.
Таа потенцира дека покрај грипот оваа сезона се детектирани и други респираторни вируси кои се својствени за овој период од годината.