Background

ГРЕШКА НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Ѝ ГО РАСТУРИ ЖИВОТОТ НА 50-ГОДИШНА ЖЕНА ОД ТЕНЕСИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Жена од Тенеси помина речиси шест месеци во затвор поради тоа што софтвер за препознавање лица погрешно ја идентификувал како осомничена за банкарска измама во Северна Дакота, држава за која таа вели дека никогаш не ја посетила.

- Advertisement -
Ad image

Анџела Липс (50) беше уапсена во својот дом минатото лето и екстрадирана повеќе од 1.500 километри од дома, во Фарго, Северна Дакота, за да се соочи со обвиненија за организирана измама.

– Беше страшно, сè уште го гледам тоа во глава, повторно и повторно. Никогаш не сум била во Северна Дакота, не познавам никого од таму – изјави Липс за локалниот весник, пренесува Индепендент.

Случајот подоцна беше отфрлен откако банкарските записи покажаа дека таа во тоа време била во Тенеси. Но, до тогаш Липс веќе поминала речиси шест месеци во затвор: Во меѓувреме нејзините сметки за комуналии и кредитни рати се трупале, и таа го изгубила својот дом, својот автомобил, па дри и домашното милениче-куче. Нејзиниот живот буквално се превртел на глава.

На 14 јули, додека чувала четири деца како бејби-ситерка, Липс биле уапсена од тим вооружени полициски агенти во цивил.

Липс останала во затвор во Тенеси речиси четири месеци додека траеа процедурите за екстрадиција во Северна Дакота. Таа била држена без кауција како „бегалка од правдата“. Обвиненијата вклучувале неовластено користење на лични податоци и кражба, а за да се брани, требало да отпатува во Северна Дакота.

Според документи, истрагата започнала во април и мај 2025 година, кога полицијата истражувала повеќе случаи на банкарска измама. Надзорните снимки покажале жена со лажна воена легитимација на американската армија, која подигала големи суми пари. За да ја идентификуваат, снимките биле обработени со софтвер за препознавање лица и системот покажал совпаѓање со Анџела Липс.

На 30 октомври Липс била пренесена од затворот во Тенеси во Северна Дакота за следниот ден да се појави пред тамошниот суд. Нејзиниот адвокат обезбедил финансиски записи кои покажале дека таа во тоа време била илјадници километри далеку во Тенеси.

На 19 декември, полицијата ја интервјуирала за првпат, а пет дена подоцна обвинителството го отфрли случајот. Липс беше ослободена, но остана заробена во Фарго среде зима. Локални адвокати и хуманитарни организации ѝ помогнале да најде хотел и храна, а подоцна таа била превезена до својот дом во Тенеси.

– Сè уште чувствувам последици од овој случај, а никој од полицијата во Фарго не се извини. Среќна сум што сè заврши. Никогаш повеќе нема да се вратам во Северна Дакота – рече Липс.

Според амерканските статистики, ова е осмиот случај во САД на погрешно апсење поврзан со препознавање лица, во кои грешка во алгоритамот на луѓе им предизвикал сериозни животни последици.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation