Грчкото МНР гледа провокација во говорот на Мицкоски во Њу Џерси

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во неговата изјава во Њу Џерси, САД, премиерот на Северна Македонија одбра да зборува за „нерешено“ и „постоечко“ македонско прашање. Ова, претставува провокација за Грција, во обид да го врати во преден план прашањето што е решено, како што е познато, дефинитивно и неотповикливо, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, јави дописничката на МИА од Атина.

„Грција потсетува дека за дополнителниот напредок во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на соседната земја предуслов е целосното почитување на Договорот од Преспа и секако воздржување од иредентистички декларации и претензии кон соседните земји“, пишува во соопштението од грчкото МНР.

Реакцијата од грчкото МНР доаѓа по изјавата на премиерот Мицкоски од САД во која рече дека „треба да победуваме и во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим и во други светски метрополи ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои“.

Изјавата на премиерот ја пренесоа голем дел од грчките медиуми, коментирајќи дека „Мицкоски провоцира“ и говори за „нерешено прашање“.

Share This Article