Background

Граничниот премин Прешево кон Македонија, еден од најфреквентните во Србија, наскоро ќе добие нов лик, нова структура и дури 23 сообраќајни ленти, што би значело крај на долгиот метеж и чекањето во редици, особено во летниот шпиц

Граничниот премин Прешево кон Македонија, еден од најфреквентните во Србија, наскоро ќе добие нов лик, нова структура и дури 23 сообраќајни ленти, што би значело крај на долгиот метеж и чекањето во редици, особено во летниот шпиц.

Проширувањето е предвидено во Просторниот план на Зоната за посебна намена на граничниот премин Прешево, кој веќе е ставен на јавен увид до 30 јули, според информациите од српската Агенција за просторно планирање и урбанизам.

Проектот опфаќа реконструкција и изградба на нови патнички и стоковни царински терминали, како и сообраќајни решенија кои ќе го зголемат пропусниот капацитет на преминот на речиси 17 хектари. Најзначајната новина – зголемување на бројот на ленти на влез и излез на вкупно 23, што ќе донесе значително олеснување за возачите.

- Advertisement -
Ad image

Во насока од Македонија кон Србија, ќе се формираат четири посебни сообраќајни ленти за камиони, кои ќе бидат физички одвоени од останатиот сообраќај. Целта е јасна: да се намали мешањето на тешкиот транспорт со патничките возила, што досега често предизвикуваше дополнителни застои.

Дополнително, ќе се применат т.н. мобилни огради – флексибилни физички бариери кои ќе овозможат прилагодување на сообраќајот според моменталното оптоварување (на пример – празници, летни викенди или враќање на гастарбајтери).

Со проширувањето ќе се изврши и преместување на повеќе објекти во рамки на граничниот премин: главната административна зграда, објектот за преглед на патнички возила, санитарните јазли, поштенската канцеларија и телекомуникацискиот објект. Со ова, ќе се овозможи поголема функционалност и безбедност за патниците, но и подобри услови за вработените.

Граничниот премин Прешево ќе претрпи комплетна модернизација и експанзија, што се очекува да ги намали гужвите, да го зголеми безбедноста и да создаде услови за побрз транспорт, особено важен за економијата и туризмот во регионот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation