Background

Граѓаните гаѓаа со јајца додека се бираше новиот градоначалник

Немири избија утринава пред градското собрание во Нови Сад за време на  седницата на која беше избран новиот градоначалник, Жарко Мичин. Граѓаните фрлаа со јајца кон полицајците, а советниците се обидоа да го пробијат кордонот пред влезот.

Претседателката на градското собрание на Нови Сад, Дина Вучиниќ, соопшти дека не се точни информациите дека на советниците од опозицијата им бил забранет влез во собранието, јавува Н1.

Зградата на собранието од рано утринава ја обезбедуваат голем број полицајци, кои граѓаните се обидуваат да ги потиснат и да го изразат своето противење на политиката на владејачката Српска напредна партија (СНС), која, според лидерите на опозицијата во Нови Сад, доведе до смрт на невини луѓе на железничката станица.

- Advertisement -
Ad image

– Дојдовме да влеземе во зградата што ни припаѓа, не дојдовме да ја окупираме зградата, не сме вандали. Ова е наредба од Белград, овде седат луѓе кои им извикуваа „усташи“ на студентите и сега не ни дозволуваат на нас советниците да влеземе на седницата на собранието – изјави за Н1, советникот од опозициската Демократска партија, Вељко Крстоношиќ, објаснувајќи како дошло до инцидентот.

По половина час судири ситуацијата се смирила кога студентите и нивните професори застанале пред кордонот од голем број полицајци во опрема за разбивање бунт, јави новосадскиот портал 021. rs.

На граѓански протест поради изборот на новиот градоначалник на Нови Сад повика лидерот на опозицијата Миша Бачулов, а му се придружија и Обединетата новосадска опозиција, како и просветните работници, јави Н1 од местото на настанот.

Претходниот градоначалник Милан Ѓуриќ поднесе оставка поради уривање на настрешница на железничката станица при што загинаа 15 лица. Новиот градоначалник Жарко Мичин, во градското собрание им се заблагодари на Ѓуриќ и на граѓаните кои гласаа за владеачката СНС, Српската напредна партија. Тој рече дека Ѓуриќ домаќински го водел градот и дека на општинската сметка има „историски 11 милијарди динари“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation