Топ Вести - Слушај сега
Граѓаните на Македонија решија да го дигнат гласот против секој што безобразно фрла отпушоци и друг отпад од своите возила. Онлајн петицијата, покрената од граѓанската иницијатива „За Почиста Македонија“, има јасна цел, да се воведе автоматска детекција и казнување преку системот „Safe City“.
– Секој фрлен отпушок или ѓубре е ризик за животната средина, јавната безбедност и угледот на државата. Особено во периоди со зголемен ризик од пожари, ваквото однесување може да предизвика вистинска катастрофа – велат од иницијативата.
Тие додаваат дека системот „Safe City“ веќе детектира прекршоци во сообраќајот, а со додавање на казнување за фрлање отпад од возила, Македонија ќе добие значително почисти патишта и подобра култура во сообраќајот.
– Целта ни е јасна, подигање на јавната свест, намалување на загадувањето и создавање навики за одговорно однесување на патиштата – нагласуваат организаторите.
Сите кои сакаат да ја поддржат иницијативата можат да го сторат тоа со онлајн потпис на следниот линк.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
