Градоначалникот Пецаков во Париз беше дел од државната делегација на клучни средби во седиштето на УНЕСКО
Денес и вчера во Париз имав чест да бидам дел од државната делегација на клучни средби во седиштето на УНЕСКО. Оваа посета ја сметам за исклучително значајна, бидејќи за прв пат еден градоначалник на Охрид остварува директна средба со Генералниот директор на УНЕСКО, г-дин Калед Ел-Енани. Покрај средбата со Генералниот директор, остваривме средби и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб.
Како татко на градот, моја должност е гласот на Охрид да се слушне директно таму каде што се носат одлуките за светското наследство. На средбата јасно ги пренесов нашите позиции:

Дека Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките за заштита.

Работиме на долгорочна и одржлива заштита која ќе го зачува статусот на Охридскиот Регион на Листата на светско наследство.

Ја истакнавме подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија, бидејќи езерото бара заеднички пристап.
Охрид бара лидерство и конкретни дела. Оваа посета е само почеток на една нова ера на транспарентна и засилена грижа за нашето наследство. Продолжуваме посветено и со конкретни чекори да ја оправдаме довербата и да го заштитиме нашето природно и културно богатство.
Охрид бил и ќе остане светски!