Протоколарна средба остварија, денес, градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери.
Соговорниците на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики.
 Исто така се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам , култура. Градоначалникот го запозна Амбасадорот со тековните проекти кои се реализираат во Охрид, како и за планираните активности кои ќе се реализираат во иднина.

 Амбасадорот Палминтери упати покана до градоначалникот за претстојната „Италијанска вечер“ која ќе се одржи во рамки на фестивалот „Охридско Лето“.