Градежништвото посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
– Очекуваме да отвориме 67 километри фронт за нови автопатишта на делниците на коридор 8 и 10 д. Ќе се работи на Прилеп-Битола, на Тетово-Гостивар и Гостивар –Букојчани. Исто така до почетокот на летната сезона да пуштиме во употреба автопат од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај селото Ботун. Очекувам да го пуштиме во употреба и вториот дел од експресниот пат Прилеп –Градско, претходоно го пуштивме од Градско до Дреново и имавме една уникатна ситуација која се нема видено во регионот, а тоа е во рок од две недели успеавме да пуштиме три делници и тоа 42 километри експресни патишта и 31 километри пруга – рече Николоски во изјава за МТВ.
Тој, како што рече, силно верува дека градежништвото и делот на нискоградбата ќе помогне во економскиот развој затоа што многу сектори врзува околу себе и тоа е нешто на што ќе работиме во наредниот период.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖