На само неколку часа пред натпреварот од Лигата на шампионите, на стадионот на Манчестер Сити избувна пожар, поради што навивачите беа евакуирани. Според првите слики и видеа од стадионот „Итихад“, пожарот е огромен и присутни се голем број пожарникари.
Сето ова се случи пред натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Бриж од 21 часот. Пожарот избувнал на тезгата каде се продавале сувенири, на само неколку метри од влезот на штандот на „Колин Бел“. Канистер со бензин избувнал во пламен, а пожарникарите веднаш биле повикани да реагираат“, пишува британски „Мирор“.
Припадниците на обезбедувањето на стадионот итно реагираа и ги оддалечија сите присутни од местото на пожарот, а ги немаше малку бидејќи се собраа да присуствуваат на промоцијата на тројца нови играчи – Узбекистанецот Абдукодир Хусанов (20), Египќанецот Омар Мармуш (25) и Бразилецот Витор Реис (19).
Сите тројца потпишаа за Манчестер Сити овој месец и требаше да бидат претставени пред навивачите надвор од стадионот. Г
Големиот пожар и крајниот хаос што го следеше се случија пред натпреварот кој мора да го добие Манчестер Сити за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Инаку, европскиот шампион од 2023 година ќе испадне од најсилното натпреварување овој месец.