Гори хемиска фабрика во Казан

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Рано утринава украински беспилотни летала ја нападнале хемиската фабрика „Казан Оргинтез“ во Руската Република Татарстан, а пожарот зафатил три цистерни со гас лоцирани во тој објект.

РБК Украина ги пренесува изјавите на очевидците кои први слушнале дронови над селото Осиновка, по што следела експлозија во фабриката.

Поради овој напад привремено беа затворени аеродромите во Казан, Саратов, Пенза и Улјановск, откако еден час претходно беа прекинати летовите на аеродромите во Калуга и Тамбов.

Ноќта пред овој напад беше извршен напад на друга руска хемиска фабрика во пограничниот регион Брјанск.

Киев Индипендент пишува дека после тоа АСТРА објави дека хемиската фабрика во регионот Брјанск најверојатно била погодена од ракети со долг дострел ATACMS кои Украина ги добила од САД.

 

Се наведува дека по извесно време руските власти потврдиле дека во фабриката избувнал голем пожар.

Каналот АСТРА на Телеграм го објави медиумот Вечерњаја Казањ дека не била зафатена самата фабрика, туку магацините за течен гас во нејзините простории.

Властите на Татарстан испратија пожарникари да го изгаснат пожарот, но пламенот се уште не е под контрола.

- Advertisement -
Ad image

– Во 5. 20 часот  утринава, во предградието на Казан се запали цистерна со гас по напад на беспилотно летало. Нема извештаи за жртви – соопшти прес-службата на лидерот на Татарстан.

Според информациите од медиумите, оваа фабрика е единствениот руски производител на екстремно силни пластични материјали – поликарбонат, севилен и металоцен полиетилен и е еден од најголемите производители на полиетилен со висока и ниска густина во Русија.

 

- Advertisement -
Ad image

Покрај тоа, индустриска зграда е оштетена во напад со дрон врз Енгелс, во областа Саратов, која се наоѓа на околу 700 километри југоисточно од Москва и на околу 500 километри од украинската граница, напиша преку Телеграм регионалниот гувернер Роман Бусаргин.

Тој рече дека наставата во училиштата во Саратов и Енгелс денеска ќе се одржува од далечина поради напади со беспилотни летала.

На 8 јануари, Енгелс исто така беше цел на голем напад со беспилотни летала што предизвика пожар во нафтениот комплекс.

Според властите, двајца пожарникари загинале во тој пожар, кој бил ставен под контрола дури пет дена по неговото избувнување.

Share This Article