Ѓорѓи Галетановски поднесе оставка од претседател на градската организација на СДСМ, објави телевизијата 24, според високи партиски извори во СДСМ.
Оставката е неотповиклива и е од морални и од лични причини, а се случува по првиот круг од локалните избори, на кои СДСМ доживеа пораз и освои 5 мандати во Советот на Град Скопје,
„Оставката е поднесена од лични и морални причини и е доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби на партијата, за што ќе ја информираме јавноста“, одговориле од СДСМ.
Галетановски е еден од новоизбраните членови на СДСМ во Советот на Град Скопје. Во мандатот на градоначалникот Петре Шилегов беше директор на Зоолошката градина.



























