Во Хрватска денеска започна голема полициска акција за надзор на сообраќајот, во која за првпат се користат беспилотни летала. Дроновите летаат над патиштата низ целата земја, а акцијата се спроведува со цел зголемување на безбедноста и дисциплината на возачите.
Во операцијата учествува максимален број полицајци со целата расположлива опрема, а дроновите ги управуваат специјално обучени службеници. Тие ќе им помогнат на патролите да откриваат сообраќајни прекршоци, како поминување на црвено светло, користење мобилен телефон за време на возење и непоставување безбедносен појас.
Особено внимание ќе се посвети на пребрзоto возење, како и на возењеto под влијание на алкохол или дрога. Контролите ќе се вршат и кај возачите на мопеди и мотоцикли, кај кои честопати се регистрираат опасни маневри, неправилни претекнувања и игнорирање на сообраќајни знаци.
Дроновите што се користат во акцијата можат да останат во воздух околу половина час и имаат домет од околу 20 километри. Опремени се со сензори за избегнување пречки и со висококвалитетни камери што овозможуваат јасно препознавање на возачите и нивните постапки.
Од полицијата велат дека целта на акцијата не е санкционирање по секоја цена, туку предупредување и поттикнување на повисока свест за безбедноста во сообраќајот. Тие апелираат сите учесници во сообраќајот да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат правилата, со порака дека секоја казна има превентивна цел — да се спаси човечки живот.
Во повеќе европски земји веќе се применува или се разгледува користење дронови за надзор на сообраќајот. Во Германија, властите подготвуваат закон кој ќе им овозможи на полицајците да користат дронови за следење на нарушувања на безбедноста, но и за пресретнување летала што претставуваат ризик.
И во Франција полицијата тестира беспилотни летала за снимање на сообраќајни прекршоци, при што податоците се користат само во случаи на тешки нарушувања, со строго регулирани процедури за заштита на приватноста.
На ниво на Европската Унија сè уште се дискутира за создавање единствена регулатива што ќе ја уреди употребата на дронови во јавниот простор. Главниот предизвик е да се најде рамнотежа меѓу безбедноста и правото на приватност, бидејќи постојаниот воздушен надзор може да влијае врз чувството на слобода и доверба на граѓаните.
Tagged as:
Голема полициска акција за контрола на сообраќајот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
