Голема победа прогласи ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва прогласи голема победа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој најави дека ќе ја слави победата во Брвеница и во Кичево заедно со граѓаните, а рано наутро утре ќе патува за Брисел. Кандидатот на Вреди за Брвеница Хаќим Рамадани ќе биде разрешен од функцијата во Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Мицкоски му се заблагодари на народот и рече дека ова е заедничка победа.

– Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина. Бешежилава, тешка борба со многу предизвици, се одлучуваше во 5 до 12. Знаете дека тој противкандидат се обиде да профитира на името на етничките поделби, не сакам името да му го споменам, но Брвеница останува на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски вечерва на прес конференција.

Тој наброја дека победиле во Скопје, Карпош, Аеродром, Чучер-Сандево.

– Победивме во Валандово, Дојран, Крушево кои досега има градоначалници на СДСМ. Во Кочани, кое мораме да го издигнеме. Победивме во Кичево, падна Фатмир Дехари. Во Кичево победи соживотот и вербата во вредности, тоа е важен пример колку можеме да постигнеме кога сме обединети. Падна митот дека Кичево е нивно или наше, Кичево е на кичевци. Таа победа е покажува дека народот е поголем од политиката – рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ победи во Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце, Неготино, Чешиново-Облешево, Дебарца, Конче, Пробиштип, Дебарца…

– Овој резултат е порака до СДСМ. Не сум среќен поради нивниот дебакл. Вечерва не славиме против никого, славиме за Македонија, за новата енергија што ја движи државата напред. Секој глас што го добивме е обврска, секои избори се порака до нас да не се забегува со победата. Време е за обединување. Ја слушнавме и тишината на оние кои не гласаа. Следниот пат, ве молам, не останувајте дома, само обединети можеме да ја направиме Македонија – рече Мицкоски.

Тој рече дека не смета оти коалицискиот партнер Вреди го бојкотирал вториот круг.

– Не мислам дека нашиот коалициски партнер нѐ бојкотира. Никој не ги носи гласовите во џеб. Видовме една чесна заложба за Орце Ѓорѓиевски. Факт е дека гласачите на Вреди не гласаа и не го поддржаа Ѓорѓиевски во вториот круг – рече Мицкоски на новинарско прашање.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article