Background

Голема експлозија разбуди стотици жители на Киев среде ноќ кога неколку беспилотни летала и ракети погодија повеќе делови од градот

Голема експлозија разбуди стотици жители на Киев среде ноќ кога неколку беспилотни летала и ракети погодија повеќе делови од градот, јави Ројтерс.

Големиот руски напад доаѓа откако во неделата, 20 јули, Украина изврши со најмалку 93 дронови ги нападна регионите Брјанск, Курск и областа на главниот град Москва. Ден претходно, на 19 јули, украинскиот претседател предложи мировни преговори со руската страна во Истанбул.

Пожари избувнаа во детска градинка во главниот украинскки град рано наутро во понеделникот, гореа неколку станбени згради и киосци, а густ чад ги исполни метро-станиците, каде што граѓаните се засолнија за време на нападот.

- Advertisement -
Ad image

Локалните власти соопштија дека најмалку едно лице загинало, а двајца се повредени.

 

– Имаме информации за едно лице кое починало – потврди шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко велејќи дека влезот во метро станицата е оштетен, но нема информации за повредени.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека во пожар во станбена зграда уште едно лице е повредено.

Нападот почнал кога воздушната одбрана била активирана во 23:40 часот, а експлозиите траеле со часови низ Киев. Најмалку една од детските градинки била зафатена од пожар, но таму немало повредени, истакна Кличко.

Во западниот град Ивано-Франковск, градоначалникот Руслан Марцинкив рече дека воздушната одбрана реагирала во 3:13 часот наутро, а оштетени биле три села и дел од инфраструктурата.

– Ова е најголемиот напад од почетокот на инвазијата – рече Марцинкив.

Големиот руски напад доаѓа откако во неделата, 20 јули, Украина изврши со најмалку 93 дронови ги нападна регионите Брјанск, Курск и областа на главниот град Москва. Летовите на четирите аеродроми во рускиот главен град беа привремено прекинати поради нападот.

Украинскиот претседател во саботата, 19 јули, изјави дека Украина работи размената на затвореници договорена меѓу двете земји на претходната рунда преговори.

Според шефицата на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, Москва е подготвена да испрати делегација во Истанбул на нова, трета рунда преговори за можен крај на војната.

Рускиот напад рано изутрина ги кренал алармите и во Полска. Полската војска ноќеска ги кренала борбени авиони поради зголемена руска воздушна активност во близина на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на вооружените сили на Полска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation