Голем пожар избувна во облакодер во Дубаи Марина. Речиси 4.000 жители беа итно евакуирани.
Како што објавија локалните медиуми, пожарот избувнал во 67-катна станбена зграда во Дубаи Марина вчера попладне и траел околу 6 часа. Екипите на Цивилната одбрана на Дубаи успеале да го изгаснат во раните утрински часови.
Според официјалните информации објавени од „Dubai Media Office“ (DMO), службите за итни случаи реагирале брзо и дејствувале координирано. Благодарение на нивната брза реакција, сите 3.820 жители од 764 станови беа успешно евакуирани, а никој не беше повреден.
Еден од блиските станари изјави за медиумите:
„Околу 1.30 часот наутро, пожарот почна да се смирува. Гореше околу два часа, а многу остатоци паѓаа од зградата. Се чини дека Цивилната одбрана успева да го држи пожарот под контрола.“
Околните згради не беа загрозени.