И покрај последното зголемување на цената на природниот гас на светските берзи не се намалува интересот за изградба на гасни централи кај нас, зашто Скопје и земјава имаат голем пазар за топлина и за електрична енергија кој е недоволно искористен, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на денешната пес конференција.
Тој информира дека има повеќе компании кои се заинтересирани за изгрдба на комбинирани гасни централи во земјава.
-Кога станува збор за изградба на когенеративни гасни централи кај нас има повеќе компании кои се заинтересирани. На оваа тема разговараме на Влада и со ресорното министерство и кога ќе има нешто попрецизно ќе ја информираме јавноста – рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека новата влада не ги протнува еергетските инвстиции како стратешки проекти, туку се разговара за пазарно ориентирани инвестиции.
-Може да се создаде добар бизнис модел кој е исплатлив за секој инвеститор. И тоа го правиме -рече Мицкоски.