Познатиот тениски ас Новак Ѓоковиќ ќе треба да ја достави потребната документација или да урне дел од промените што ги направил во куќата во шпанското одморалиште Марбеља, пренесува Марбела 24 Хорас.
Медиумот вели дека на 13 февруари тенисерот по вторпат бил казнет со 5.000 евра.
Градскиот совет на Марбела води спор против Ѓоковиќ од февруари 2024 година, откако тој, наводно, извршил реновирање без дозвола кон крајот на 2022 година. Во февруари 2024 година, му беше наредено да ги реши неправилностите во рок од два месеци.
После тоа, на 06.08.2024 година му е изречена првата казна од 5.000 евра.