Со лажна сообраќајка во Чашка, измамен е 74-годишник од кого се одземени 14.000 евра, соопшти полицијата.
Како што соопшти МВР, на 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција.
Откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен.