Главниот батлер во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а потоа обид за продажба преку интернет. Тој е едeн од тројцата уапсени во скандалот што ја потресе официјалната резиденција на францускиот претседател, а украдените предмети се проценуваат на вредност од 40.000 евра, објавува „Гардијан“.Еден маж и двајца соучесници. Властите беа известени за исчезнувањето на предметите, од кои некои се сметаат за национално богатство. Повеќето од парчињата доаѓаат од познатата фабрика за порцелан „Севр“ во Париз, која е во државна сопственост од 1759 година. Истрагата беше покрената откако вработените во фабриката препознаа некои од исчезнатите предмети на веб-страници за онлајн аукции како што е „Винтед“.
Улогата на главниот батлер вклучува грижа и одржување на приборот за јадење што го користат претседателите и достоинствениците. Обвинителите рекоа дека инвентарните листи што ги водел уапсениот батлер сугерираат дека тој планирал идни кражби.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
