Гласините кои деновиве кружат низ српските медиуми се потврдија – српската пејачка Александра Пријовиќ чека девојче.
Имено, откако медиумите во Србија постојано тврдеа дека пејачката чека девојче, нејзината колешка и блиска пријателка Андреана Чекиќ ја потврди веста за српски „Курир“.
„Среќна сум за Александра, апсолутно. Зборувавме пред некој ден, таа само што одеше кај мајка ѝ во Бели Манастир. Многу сум среќна. Само детето да е живо и здраво. Нејзината желба по синот да добие и ќерка ѝ се исполни и тоа е најубавото нешто. Нека ѝ се остварат сите желби. Таа и Филип се прекрасни и јас им посакувам сè најдобро“, рекла Андреана.
Во јануари беше објавено дека Александра е бремена, по што таа најави дека ќе паузира од кариерата.
Таа исто така претходно изјави дека би сакала да го прошири своето семејство, но и дека нејзиниот сон е да има ќерка.
„Посакувам моето семејство да е секогаш добро. И би сакала, ако не следната година, бидејќи сега работиме многу, да имаме ќерка“, рече Александра во едно интервју.
И Лепа Брена навести дека пејачката чека девојче во интервјуто за „Екстра ФМ“.
„Боба и јас бевме во Пукет кога ја добивме веста. Морам да признаам дека очекував бидејќи тоа е некако логично и нормално. Нема ништо на овој свет што може да нè направи посреќни од тоа да чекаме уште еден член во нашето семејство. Секогаш велам дека овде се раѓаат главно момчиња, но мојата женска интуиција ми кажува дека постои можност да имаме слатко девојче“, рече таа.
Да потсетиме, Александра е во брак со Филип Живојиновиќ, а заедно го имаат синот Александар.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
