Германците изгубија со 14-10

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На третиот натпреварувачки ден на Европскиот младински олимписки фестивал, Македонија ја забележа втората победа во Баскет 3х3 совладувајќи ја Германија со 14:10.

По победата над Литванија 14:11, женската македонска репрезентација вчера загуби од Германија 4:21.

Во останатите екипни спортови, македонските репрезентации повторно останаа без триумф. Најблиску до победа беше машката кошаркарска репрезентација, која по продолжение загуби минимално од Летонија со 97:98, додека девојките беа декласирани од Германија со 18:91.

Младите ракометари загубија третпат, овој пат од Исланд со 27:36, додека, пак, ракометарките беа поразени од Норвешка со 23:31.

Порази доживеаја и одбојкарските селекции, момчињата од Белгија со 0:3 и девојките од Турција 0:3.

Стартуваа натпреварите во маунтајн бајк

Третиот ден го одбележа и стартот на натпреварите во маунтајн бајк, што се одржаа во Куманово. Во машка конкуренција триумфираше Ларс Пирс од Белгија со време 59:06 минути, додека кај жените златниот медал го освои Швајцарката Јаел Клаусер со резултат 55,56 минути.

Во фокусот на атлетските возбудувања во националната арена „Тодор Проески“ се најде натпреварувањето во машка конкуренција во скок во височина, во кое двајцата најдобри прескокаа иста височина од 2,15 метри. Поради помалку обиди за скок, златото му припадна на Гркот Харалампос Алвизатос, додека, пак, Чехот Војтех Зајичек со идентична прескокната височина мораше да се задоволи само со сребрениот медал.

Јере Пенти Филјами од Финска се закити со златниот медал во фрлање копје со фрлени 74,54 метри, додека во трката на 5 километри брзо одење триумфираше Италијанецот Николо Видал со време од 20 минутри, 22 секунди и 43 стотинки.

Пливачките натпревари во Олимпискиот базен во Скопје исто така донесоа многу возбудувања. Во финалната трка на 200 метри мешано во машка конкуренција најбрз беше Британецот Остин Манли со време 2:07.23 минути, додека, пак, на 100 метри слободно, до златото исплива Италијанецот Даниеле Фиорели со резултат 51.89 секунди.

- Advertisement -
Ad image

Во трката на 200 метри пеперутка кај мажите триумфираше Арел Гултекин од Турција со време 2:00,33 минути, а на 100 метри градно во женска конкуренција најбрза беше Унгарката Петра Пуза со резултат за злато од 2:30,75 мин.

Фото: ЕМОФ

Share This Article