Германците денеска избираат 630 пратеници за новиот состав на Бундестагот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германците денеска избираат 630 пратеници за новиот состав на Бундестагот, додека предизборните анкети покажуваат дека опозициските демохристијани и екстремната десница, исто така опозициска Алтернатива за Германија (АфД) имаат најголема поддршка, но ниту една партија нема да има доволно пратеници за сама да формира влада.

За функцијата нов лидер на Германија се борат четворица кандидати: актуелниот канцелар Олаф Шолц од Социјалдемократската партија (СПД), Фридрих Мерц, кандидатот на главната конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ), актуелниот вицеканцелар Роберт Хабек од еколошката Зелена партија и Алис Вајдел од крајната десничарска, антиимигрантска Алтернатива за Германија (АфД).

Избирачките места ќе бидат отворени од 8 до 18 часот, а Германците можат да гласаат и по пошта.

Излезните анкети ќе бидат објавени веднаш по затворањето на гласачките места, а пребројувањето на гласовите ќе почне веднаш. Целокупната слика за резултатите ќе биде позната многу брзо, додека конечниот официјален резултат се очекува рано утре.

Право на глас во самата Германија имаат 59,2 милиони гласачи, како и повеќе од три милиони германски државјани во странство, за кои овогодишното гласање ќе биде попроблематично од вообичаеното поради кратките рокови.

На гласачкото ливче има 29 партии, но се очекува меѓу пет и осум од нив да успеат да го поминат изборниот праг од пет проценти.

Изборите се карактеризираат со изразени демографски промени. На изборите во 2021 година, право на глас само во Германија имаа 61,2 милиони луѓе.

Во сегашното гласачко тело повеќе од 40 отсто од граѓаните се на возраст над шеесет години, а една четвртина се над 70 години.

Помладите од 30 години сочинуваат само 13,3 отсто од гласачкото тело. Вкупно 2,3 милиони млади луѓе можат да гласаат за прв пат или околу четири проценти.

- Advertisement -
Ad image

Изборите во Германија се одржуваат седум месеци порано од планираното, бидејќи трипартиската коалиција на Шолц се распадна во ноември поради несогласувањата околу начините за заживување на економијата, која веќе две години е во пад.

Share This Article