Меѓународната заедница ќе мора да се справи со непочитувањето на воспоставените дипломатски правила од страна на новата американска администрација, рече денеска германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на Минхенската безбедносна конференција.
– Новата американска администрација има сосема поинаков поглед на светот од нашиот, кој не ги почитува воспоставените правила, партнерството и зголемената доверба. Мораме да го прифатиме ова и можеме да се справиме со ова. Убеден сум дека не е во интерес на меѓународната заедница овој поглед на светот да стане доминантна парадигма – рече Штајнмаер, говорејќи на Минхенската безбедносна конференција.