Германскиот канцелар Фридрих Мерц за утре свика Самит за челик на кој ќе се договорат мерки за зајакнување на конкурентноста и отпорноста на германската челична индустрија

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германскиот канцелар Фридрих Мерц за утре свика Самит за челик на кој ќе се договорат мерки за зајакнување на конкурентноста и отпорноста на германската челична индустрија.

Повод за самитот е лошата состојба во индустријата и можноста ЕУ  привремено да ги намали квотите за увоз на челик од  Кина што негативно би влијаело на другите индустриски гранки во Германија.

Со темата се занимава и студијата на Универзитетот во Манхајм кој оценува дека губењето на германското домашно производство на челик би можело да ја чини Германија до 50 милијарди евра годишно.

Анализата покажува дека доколку германските компании за челик затворат фабрики или го преместат производството во странство, германската економија би станала исклучително ранлива на глобалните кризи во снабдувањето со челик.

Такво сценарио – во кое големите извозници како Кина ги намалуваат испораките поради геополитички конфликти или нарушувања во синџирите на снабдување – би довело до повисоки цени за индустриите зависни од челик, како што се градежништвото, инженерството, металопреработувачката и автомобилската индустрија.

„Зголемувањето на трошоците би го намалило производството, а со тоа и создавањето вредност во тие сектори“, се наведува во истражувањето.

Кризата, додаваат авторите, би ги намалила приходите на домаќинствата и би ја ослабнала домашната побарувачка.

„Дури и постепениот пад на челичната индустрија би имал економски и политички последици“, се наведува во студијата. Регионите со развиена челична индустрија, како што се Дујсбург, Ајзенхитенштат, Бремен и Сарланд, би биле особено погодени.

Студијата предупредува на политичките ефекти од такво сценарио: искуствата од САД и Велика Британија покажуваат дека економскиот пад во индустриските региони често го поттикнува растот на популистичките движења.

- Advertisement -
Ad image

„Ова може да се случи и во Германија: влада која ги напушта клучните индустрии не само што ја ослабува економијата, туку и демократската стабилност“, велат авторите.

Според истражувањето, Германија мора да одржува долгорочно производство од најмалку 40 милиони метрички тони челик годишно за да ги задоволи домашните потреби.

Во 2024 година, произведени се околу 37 милиони тони суров челик, што е под потребното ниво.

- Advertisement -
Ad image

Економистите од универзитетот предлагаат половина од производството да се базира на директно намалување на емисиите со низок јаглерод, а другата половина на топење на челичен отпад во електрични печки.

-За да се постигне ова, потребно е значително да се зголемат инвестициите во капацитети за производство на челик што е пријателски кон климата – велат авторите на студијата.

Share This Article