Германски државјанин кој се изгубил на планината Скопска Црна Гора е успешно пронајден

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германски државјанин кој се изгубил на планината Скопска Црна Гора е успешно пронајден во координирана акција на Авто мото сојузот, Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи.

Како што соопшти утринава ЦУК, изгубениот 70 годишен германски државјанин, кој зборувал и на турски јазик, немал македонски телефонски број  и прво за помош се јавил во Германската служба за помош на пат која се јавила во АМСМ, по што почнала акцијата за негово спасување која успешно завршила.

Германскиот државјанин бил лоциран  во близина на селото Блаце, на планината Скопска Црна Гора, во правец кон селата Брест и Танушевци.

Како што соопшти ЦУК, тој  прво заглавил на планински пат со неговото возило „тигуан“, па  продолжил да се движи пешки  кон некоја куќа која ја забележал во далечината додека се стемнувало, на околу 15-тина километри оддалеченост од него. Но, по пат се изгубил и се јавил за помош во Германија.

Во акцијата за негово пронаоѓање учествувале и полицајци од полициските станици Мирковци и Танушевци и надлежни од Општината Чучер Сандево.
Потрагата по изгубеното лице завршила синоќа околу 19.30 часот.
Share This Article