Германската воздржаност сè потешко се брани со наследството на Холокаустот?

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочува со притисоци да заземе поцврст став кон Израел, откако членови на неговата сопствена коалиција побараа Берлин да ѝ се приклучи на изјавата на десетици западни земји кои го осудија „нехуманото убивање“ на Палестинци, објави Ројтерс.

Мерц, лидер на германската централно-десничарска ЦДУ, станува сѐ покритичен кон Израел. Сепак, Германија беше забележително отсутна од заедничката изјава што во понеделникот ја објавија еврокомесарот за управување со кризи и 28 западни земји, меѓу кои и Британија и Франција, во која се повикува Израел веднаш да го прекине војувањето.

Овие земји го осудија, како што го нарекоа, „капковитото доставување на помош“ на Палестинците во Газа и изјавија дека е „ужасно“ што над 800 цивили биле убиени додека се обидувале да добијат хуманитарна помош.

Министерката за меѓународен развој од редовите на помалиот коалициски партнер СПД, Рим Алабали Радован, во вторникот изјави дека е незадоволна од одлуката Германија да не ја потпише изјавата.

– Барањата во писмото на 29-те партнери до израелската влада ми се разбирливи. Посакав Германија да се приклучеше на сигналот што го испратија тие 29 партнери – рече таа.

Мерц, во вторникот вечерта, изјави дека Европскиот совет веќе донел заедничка декларација која е „практично идентична по содржина со она што е изразено во писмото“.

Изјавата на Советот од јуни навистина ја осуди тешката хуманитарна состојба во Газа, но не беше ни приближно толку емотивна и директна во критиката кон Израел, ниту, пак, го осуди планот на Израел да ги премести Палестинците во таканаречен „хуманитарен град“, најавен претходно овој месец.

– Јас бев еден од првите што јасно и гласно кажаа , дури и во Германија, дека ситуацијата таму веќе не е прифатлива – изјави Мерц, негирајќи дека има поделби во коалицијата околу ова прашање.

Во понеделникот, тој рече дека минатиот петок разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и му порачал „многу јасно и експлицитно дека не ја споделуваме политиката на израелската влада за Газа“.

- Advertisement -
Ad image

Но, одлуката Германија да не ја потпише декларацијата доаѓа по повеќемесечен период во кој германските власти беа особено внимателни во јавноста, воздржувајќи се од остри критики кон израелските дејствија.

Пристапот на Германија е условен од „Staatsraison“

Германските функционери велат дека нивниот пристап кон Израел е условен од таканаречениот „Staatsraison“ – државна одговорност што произлегува од наследството на Холокаустот. Тие сметаат дека преку дипломатски канали може да се постигне повеќе отколку преку јавни изјави.

Мерц е еден од ретките европски лидери што јавно понудија да го пречекаат премиерот Бенјамин Нетанјаху во Германија без да го уапсат, и покрај налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд во Хаг за сомнеж за воени злосторства.

- Advertisement -
Ad image

Израел ги отфрла обвиненијата против Нетанјаху, нарекувајќи ги политички мотивирани. Меѓународниот кривичен суд, пак, вели дека сите земји потписнички на основачкиот статут на Судот – меѓу кои и сите 27 членки на ЕУ – се обврзани да го уапсат Нетанјаху ако влезе на нивна територија.

Критичарите на пристапот на Мерц, вклучително и дел од неговите коалициски партнери во СПД, велат дека наследството на Холокаустот не смее да биде изговор за игнорирање на израелските злосторства, туку напротив – пораката „никогаш повеќе“ треба да важи и за Газа денес.

„Ситуацијата во Газа е катастрофална и претставува хуманитарна бездна“, стои во заедничката изјава на двајца високи пратеници од СПД – портпаролот за надворешна политика Адис Ахметовиќ и известувачот за Блискиот Исток Ролф Мицених – кои повикаа Берлин да се приклучи на заедничката декларација.

Тие побараа да има „јасни и итни последици“ за Израел, вклучително и суспендирање на договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел и запирање на извозот на оружје што се користи спротивно на меѓународното право.

Share This Article