Background

Германецот Шредер и селекторот на Турција исто така добија признанија

Финскиот кошаркар Мика Муринен (18) кој беше клучен во натпреварот со Србија беше прогласен за најдобар млад играч на Еврoбаскетот 2025 (Rising Star). Финецот кој ја разниша самодовербата на српскиот тим и ја изненади публиката ѝ го овозможи историското полуфинале на Финска.

Роден е во Јарвенпа, висок е 2,10 метри и важи за еден од најперспективните млади крилни центри во Европа.

Во дуелот со Србија, тој беше симбол на фино темпирана хаотичност, трчаше, се бореше под обрачите, а во последната четвртина му се доближи лице в лице на Стефан Јовиќ во момент кој ги запали мрежите.

- Advertisement -
Ad image

Муринен, и покрај кусата минутажа, внесе свежина во одбраната и енергија: блокови, движење без топка, напор да отвори простор за соиграчите. Тој беше дел од тие моменти кога Србија не можеше да најде лесен напад.

Шредер, вистинскиот херој на финалето?

Од друга страна, за најкорисен играч на Евробаскетот беше прогласен германскиот репрезентативец Денис Шредер. Во финалето во Рига, Германија синоќа ја победи Турција со 88–83 и ја освои втората европска титула во историјата.

– Шредер беше лидер во секој натпревар – рече тренерот Гордон Херберт.

На турнирот, Шредер одигра 8 натпревари со просек од 20,9 поени, 6,6 асистенции и 3,5 скока. Последните шест поени во финалето беа негови, како печат на новата генерација.

Селекторот Атаман, од Истанбул до срцето на Европа

Сепак, иако Турција ја загуби шансата за титула, нејзиниот селектор, Ергин Атаман е прогласен за најдобар тренер на Евробаскет 2025. Турција, предводена од него, го мина групниот турнир без пораз, а потоа ги победи Шведска, Полска и Грција. По 24 години, Турците се вратија во финале.

„Турција се врати, ова е само почеток“, соопшти Турската кошаркарска федерација

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation