Background

Герасимов ја спомна ракетата „Орешник“

Лидерите на Европската унија се собраа во Брисел на еден од најнаелектризираните самити во последните години. Главната цел е да се обезбедат најмалку 90 милијарди евра финансиска помош за Украина за следните 2 години, откако САД најавија повлекување од тој дел на поддршката.

Белгија, каде што се наоѓа депозитарот „Евроклир“ со најголемиот дел од замрзнатите руски средства, предупредува на сериозни правни ризици. Премиерот на Белгија Барт Де Вевер повеќепати изјави дека земјата не сака сама да го понесе товарот и бара целосни гаранции од партнерите во Унијата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја нарече европската поддршка за Украина „бриселска ароганција“, нагласувајќи дека Унгарија нема да финансира војна.

- Advertisement -
Ad image

Во Москва, пак, се заострува реториката. Кремљ оцени дека односите со Вашингтон се „разрушени“, но изразил надеж за подобрување, доколку се направи напредок во решавањето на војната во Украина. Москва исто така најави контрамерки доколку САД продолжат со нуклеарни тестирања.

Валериј Герасимов, началник на генералштабот на руската армија денеска изјави дека НАТО користејќи ја, како што вели, таканаречената руска воена закана, значително го зголеми своето воено присуство во близина на границата на Русија.

– Се набљудува обемот и интензитетот на активностите за оперативна и борбена подготовка. Се преземаат мерки за зголемување на оперативната ефикасност на трансферот на воени засилувања – посочи Герасимов.

Тој додаде дека Русија годинава формира воена бригада опремена со новата хиперсонична балистичка ракета со среден дострел „Орешник“.

Паралелно, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објавил дека новиот руски ракетен систем „Орешник“ е распоредeн во Белорусија и е во состојба на борбена готовност.

Од другата страна, Европската комисија и поголемиот дел од земјите членки нагласиле дека неуспехот да се постигне договор за користење на замрзнатите руски средства би ја оставил Украина без витални средства и би го довел во прашање кредибилитетот на ЕУ.

Полскиот премиер Доналд Туск испрати остра порака:

– Или пари денес, или крв утре – мислејќи на загубите во војната во Украина.

Туск потврдил дека постои широка согласност европските лидери да ги користат замрзнатите руски средства преку т.н. „заем за репарации“ наместо ново задолжување на Унијата.

Самитот продолжува под силен притисок. Брисел е исправен пред прашањето дали може да најде пат меѓу финансиската солидарност со Киев и правните ограничувања што ги бараат некои земји членки.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде во големи проблеми, а Владимир Путин ќе биде охрабрен да ја продолжи војната ако Европската Унија не одобри репарациски заем заснован врз замрзнатите руски средства.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation