„Веќе ништо не ме изненадува. Сето ова ме потсетува на комунистичкиот режим од 1950-тите. Нема разлика. Сепак, ние одиме напред. Сигурно е дека ние, луѓето сме силата, ние сме енергијата, ние сме Романија. Во никој случај нема да клекнеме на колена. Дефинитивно повторно ќе се кандидирам“.
Вака изјави претседателскиот кандидат Калин Георгеску по петчасовното сослушување во романското обвинителство во Букурешт. Георгеску беше приведен во средата на пат да ја поднесе својата кандидатура за изборите закажани за 4 мај.
Тој додаде дека „сите знаат што се случува со овој систем во Романија“ и дека масовната корупција ширум светот ќе биде разоткриена.
Конзервативецот Георгеску победи во првиот кург на ланските претседателски избори, кои потоа беа поништени поради наводно руско мешање. Инспекторите го испитуваат финансирањето на ибзорната кампања на Георгеску.
Тој го нарече апсењето обид за заплашување.