Снимка од министерот за финансии на Непал кој бидува фрлен на кејот крај река во Катманду во масовните протести „Ген Z“ се прошири по социјалните мрежи. Тој на себе не носи речиси ништо освен гаќи и долна облека.
Се работи за истиот министер, 65-годишниот Бишну Прасад Паудел, кого го влечеа по улици и го удрија од ограда додека бегаше по улица на немирите на 9 септември. Протестите уште траат, додека се демолирани повеќе куќи на познати функционери.
На снимката Паудел паѓа покрај брегот на реката откако претходно е удрен со дрвена палка.
Од друга страна, премиерот на Непал успеа да се евакуира во хеликоптер, заедно со министри од владата кои висеа на јаже од хеликоптерот. Во протестите е повреден и поранешниот премиер на Непал.
Актуелниот претседател на Непал ги повика демонстрантите додека полицијата утринава, 10 септември, се обиде да воспостави полициски час патролирајќи низ Катманду.
На социјалните мрежи веќе се појавија снимки од демонстранти кои ја демолираат куќата на претседателот.
Tagged as:
Генерацијата „Z“ не го остава мирно да си замине од функцијата
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
