Гасоводот е дел од планот за мир во Украина?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Личен пријател на рускиот претседател Владимир Путин преговара со американските инвеститори за можна реконструкција на гасоводот Северен тек 2, со премолчена поддршка на Белата куќа. „Фајненшл тајмс“ пишува дека поранешниот генерален директор на „Северен тек 2“ Матијас Варниг е во разговори со американските инвеститори и сака да му се доближи на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Германски „Тагешау“ пишува дека иницијативата е дел од билатералните разговори за можен крај на војната во Украина и дека Американците веќе подготвиле нацрт за евентуален договор со рускиот енергетски гигант „Газпром“.

Северен тек 2, клучен енергетски проект за снабдување на Европа со руски гас преку пристаниште во Љубмин во Германија, беше тешко оштетен во мистериозна експлозија во Северното Море само неколку месеци по почетокот на војната во Украина.

Саботажата на гасоводот предизвика Вашингтон и Москва да си ја префрлаат одговорноста. Германската истрага доведе до индиции дека наводни се вмешани нуркачи од Украина, но случајот остана неразрешен.

Кој е Матијас Варниг? Поранешниот генсек на „Северен тек 2“ ја напушти државната руска компанија во 2023 година. Варниг за германски „Ди Цајт“ изјави дека извршниот директор на „Газпром“ Алексеј Милер гарантирал дека ќе ги покрие трошоците со надеж дека ќе го спаси она што останало, пишува „Фајненшл Тајмс“.

Како се познаваат Варниг и Путин?

„Варниг (69) рече дека станал близок пријател со Владимир Путин во 1990-тите, откако тој отворил канцеларија за заемодавеци на Дрезднер Банка во Санкт Петербург, каде што тогаш Путин, уште непознат за јавноста, раководел со градскиот Комитет за надворешни работи“, пишува „Фајненшл Тајмс“.

„Двајцата толку се зближиле што Путин го замолил Варниг да ги прими неговите ќерки во куќата во Родермарк кога нивната маја била тешко повредена во сообраќајна несреќа. Путин, кој течно зборува германски, ги научил децата на Варниг да скијаат во Давос и го повикал на процесијата на неговиот татко, според интервју кое Варниг, инаку бивш припадник на службите Штази, го дали во 2023 гтодина за „Ди Цајт“. Меѓутоа, Варниг ја нарекол окупацијата Путин врз Украина „неопислива грешка“ и поднел оставка од управните одбори на две енергетски компании под управа на Кремљ откако во 2022 година изби војната во Украина. Варниг за весникот изјавил дека неколку месеци по почетокот на окупацијата му велел на Путин да ѝ стави крај , истакнувајќи дека рускиот претседател е толку изолиран што „единствената личност која сè уште може да му каже нешто – јас“.

Проектот Северен Тек 2 беше замислен како брза лента за рускиот гас кон Европа. Со војната во Украина и западните санкции за руските енергенси земјите од ЕУ почнаа да го увезуваат американскиот ЛНГ.

- Advertisement -
Ad image

Идејата за купување на „Северен тек 2“ беше изнесена и во времето на администрацијата на Џо Бајден од страна на американскиот бизнисмен со контакти во Русија, Стефан Линч, но Бајден не беше многу заинтересиран.

Во меѓувреме европските лидери се состанаа во Лондон за да ветат нова подршка за Киев, додека Трамп бара од Украина да го потпише договор за минерални ресурси со САД. Зеленски и Трамп имаа нервозен состанок во Белата куќа по кој Зеленски побрза во Лондон.

Но, „Фигаро“ пишува дека ентузијазмот на некои европски лидери за „моралната лекција што Зеленски му ја даде на Трамп во Белата куќа“, се сведе на француско-британскиот предлог од Лондон „со два потписи: а) едномесечен прекин на огнот со Русија и б) договор Украина-САД за експлоатација на минерални резерви“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article