Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска официјално поднесе оставка до претседателот Емануел Макрон, откако неговата влада беше разрешена од Парламентот. Тој ќе продолжи да ја извршува функцијата до изборот на негов наследник.
Разрешувањето на Владата следуваше по гласањето за доверба во Националното собрание, каде 364 пратеници гласаа против владата на Бајру, додека само 194 пратеници ја поддржаа. Со ова, неговиот мандат траеше помалку од девет месеци.
Сега, претседателот Макрон се соочува со одлука – дали да назначи петти премиер за период пократок од две години или да распише предвремени парламентарни избори.