Француската морнарица запленила моторен чамец што превезувал 2,4 тони кокаин кај португалскиот остров Мадеира во Атлантскиот Океан

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Француската морнарица запленила моторен чамец што превезувал 2,4 тони кокаин кај португалскиот остров Мадеира во Атлантскиот Океан, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од обвинителството во Брест, во кое се наведува дека во операцијата била употребена сила врз шверцерите.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на над 128 милиони евра.

Операцијата е спроведена во координација со САД и со Велика Британија.

Весникот „Паризиен“ објави дека фрегата на француската морнарица отворила оган за да ги онеспособи моторите на бродот, откако екипажот ги игнорирал повиците за запирање.

Цивилните и воените власти во Португалија и во Шпанија, исто така, учествувале во запирањето на бродот.

На фрегатата за време на операцијата ѝ помогнале хеликоптер на француската морнарица и авион на царината.

Овој транспорт се смета за дел од растечкиот тренд на увоз на големи количества кокаин во Европа од Јужна Америка преку Шпанија, Португалија и Франција.

Француските медиуми сè повеќе зборуваат за таканареченото „бело цунами“, осврнувајќи се на зголемените пратки на дрога, забележува ДПА.

Share This Article