Респираторната состојба на папата Франциск кој е во болница се влошува, соопшти Ватикан. Папата „доживеал изолирана епизода на бронхоспазам“, се вели во медицинскиот билтен објавен вечерва.
Бронхоспазам се јавува кога мускулите што ги обложуваат бронхиите во белите дробови се стегаат.
Ова доведе до епизода на повраќање и „ненадејно влошување на неговата респираторна состојба“, се додава во билтенот. На папата Франциск му беше дадена неинвазивна механичка вентилација.
Папата Франциск, поглаварот на Католичката црква, веќе две недели се лекува од бронхитис и пневмонија во болничкиот комплекс „Агостино Џемели“ во Рим.