Франција и обезбедува воено разузнавање на Украина, откако Вашингтон објави дека го замрзнува споделувањето на такви информации за Киев, изјави денеска министерот за одбрана Себастиен Лекорну.
Лекорну рече дека Франција продолжува да разменува разузнавачки информации со Украина.
Тој додаде дека по одлуката на САД да ја прекине сета воена помош за Украина, францускиот претседател Емануел Макрон побарал од него „да ги забрза пакетите помош“ за да го надомести недостатокот од американска помош.
САД во средата соопштија дека го замрзнале споделувањето разузнавачки информации со Украина, прекинувајќи го протокот на витални информации, но претставници на администрацијата на Доналд Трамп рекоа дека позитивниот момент во разговорите меѓу Вашингтон и Киев значи дека тоа би можело да биде само краток прекин.
Американското разузнавање е од витално значење за Украина бидејќи, меѓу другото, ги следи движењата на руските војници.
Лекорну рече дека по одлуката на САД, пратките со помош за Украина со потекло од Полска се прекинати, додавајќи дека „Украинците, за жал, научиле да се борат во оваа војна три години и знаат да складираат залихи“….