Франција се противи на употребата на замрзнатите руски средства за финансирање на воените трошоци на Украина, изјави денеска министерот за економија на Франција, Ерик Ломбард.
– Запленувањето на замрзнатите руски средства и нивното користење за финансирање на европските воени трошоци би било спротивно на меѓународните договори. Ставот на Франција е дека овие руски средства ѝ припаѓаат на Централната банка на Русија“ – изјави Ломбард за Франс инфо.
Тој додаде дека овој имот може да се користи за решавање конфликти, но дека „не може да се конфискува“.
– Каматата, генерирана од руските фондови, веќе е искористена за финансирање на заемот, доделен на Украина – истакна францускиот министер.
Според него, ваквите постапки се спротивни на меѓународните договори, потпишани од Франција и Европа