Background

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ДИВОГРАДБИТЕ НЕ СТИВНУВААТ , НОВИ КАТОВИ НИКНУВААТ КАЈ ЕЛЕШЕЦ И КАЈ ЗАЛИВОТ НА КОСКИТЕ ВО ОХРИД

Охрид, 28 март 2026 | Додека надлежните институции молчат, нелегалните градби на Охридскиот брег продолжуваат да растат  буквално, кат по кат. Денес, сабота, фотографии направени на терен покажуваат дека дивоградбата кај Елешец добива уште еден нов спрат, а кај Заливот на коските, во близина на Градиште, преку ноќ никнале нови наводни тераси и ширење на постојниот нелегален објект. Охридскoто Eзеро, светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО, се гледа од прозорецот на нечија самоволна алчност , додека државата им свртела грб.

ДЕЛ 1: ЕЛЕШЕЦ — УШТЕ ЕДЕН СПРАТ НА ДИВОГРАДБАТА НА ПРОФЕСОРОТ КАЈ ЕЛЕШЕЦ

На атрактивна локација на магистралниот пат Охрид – Свети Наум, во месноста Елешец, веќе извесно време никнува нова дивоградба , само 50 метри од брегот на Охридското Езеро. Прашањето за оваа спорна градба прво го постави редакцијата на Охридскај, која дознала дека зад објектот стои Атанас Џуровски од Ресен, вонреден професор на Правниот факултет во Кичево. Објектот се гради непосредно над магистралниот пат, на место каде некогаш се наоѓало лозје , а денес брзо израснува повеќекатна градба без видливи знаци на легалност.

Денес, сабота 28 март 2026 година, фотографиите снимени на лице место недвосмислено покажуваат дека дивоградбата добива уште еден нов кат. Свежо наредени тули, дрвена оплата, скели, мешалица ,работници, сè е тука. Работата се одвива отворено, во светло на денот, пред очите на секој минувач на главниот охридски пат. И никој не прашува.

- Advertisement -
Ad image

Законот за градење на Република Македонија јасно пропишува дека на секое легално градилиште мора да биде истакната табла со податоци за инвеститорот, изведувачот и бројот на одобрението за градба. На градилиштето во Елешец , таква табла не постои. Нема табла, нема дозвола, нема одговорност.

Уште поголема иронија , а и загриженост , буди информацијата дека лицето зад оваа нелегална градба е доктор по право. Ако професорот на правен факултет не го почитува законот, какви вредности ги пренесува на своите студенти? И уште поважно: дали неговите роднински врски со угледни имиња во деловниот свет (БРАНКО АЗЕСКИ) на земјата се причина поради која институциите со години го гледаат, а не го гледаат ова градилиште?

Според претходно пишувани информации на Охридскај, на истото место порано бил направен обид за градба, но по реакција на надлежните, работите биле стопирани. Очигледно , лекцијата не е научена. Или некој решил дека овој пат нема да биде проблем.


ДЕЛ 2: ЗАЛИВ НА КОСКИТЕ — ДОГРАДБИ ПРЕКУ НОЌ, ТЕРАСИ И ШИРЕЊЕ НА СИТЕ СТРАНИ

Заливот на коските кај Градиште, на 14 километри од Охрид, помеѓу селата Пештани и Трпејца, е едно од највредните археолошки и природни наоѓалишта во Македонија. Овде, во водите на Охридското Езеро, се чуваат остатоци од праисториска наколна населба стара 3.000 години, а над неа се издига обновена римска тврдина. Токму на ова место, во непосредна близина на заштитени локалитети и УНЕСКО наследство , никнува нелегален објект.

Фотографиите снимени денес, 28 март 2026, го открива следново: преку ноќ или за многу кратко време на постојниот нелегален објект додадени се нови простории, наводни тераси, а градбата се шири лево и десно. Не постои никаква  дозвола, нема табла, нема инспекциски печат , само бетон, тули и самоволие.

Она што го прави овој случај уште почувствителен е фактот дека истиот сопственик кој гради во Заливот на коските, наводно поседува уште две дивоградби и базен во село Пештани. Тоа не е само поединечен прекршок , тоа е систематска узурпација на охридскиот брег. Еден човек, неколку нелегални објекти, никаква санкција.(Редакцијата Охридскај ќе го објави целосто истражување за дивоградбите на Размоски)

ОХРИД — 1.076 ДИВОГРАДБИ, 409 НА БРЕГОТ НА ЕЗЕРОТО

Охрид не е новинка во приказната за нелегална градба. Инспекциските служби во Охрид кај 1.076 предмети констатирале нелегална градба, од кои 409 се во заштитен појас , на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот. Ова го покажува Регистарот за нелегални градби на Општина Охрид.

Но регистарот останува мртво слово на хартија, а дивоградбите продолжуваат да никнуваат. Граѓаните гледаат, новинарите документираат, а институциите ги шетаат граѓанитее по тавани.

АПЕЛ ДО НАДЛЕЖНИТЕ: ДОСТА Е МОЛЧЕЊЕ , ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА

Јавното обвинителство, СВР Охрид и Државниот инспекторат за градежништво , ова е директен повик до вас.

Дивоградбите кај Елешец и кај Заливот на коските не се тајна. Тие се видливи, документирани со фотографии, пријавувани јавно. Охридското Езеро е под заштита на УНЕСКО. Секоја нова тула на нелегален објект во оваа зона е кривично дело , не само административен прекршок.

БАРАМЕ:

  • СВР Охрид веднаш да изврши увид на лице место и да поднесе кривична пријава против инвеститорите на двете дивоградби;
  • Државниот инспекторат за градежништво да изврши итна инспекција и да издаде решение за запирање на градбите;
  • Јавното обвинителство да постапи по постоечките документации и да ги повика на одговорност сите вклучени;
  • Општина Охрид да не чека, туку веднаш да иницира постапки за рушење на нелегалните градби и истите веднаш и недоложно да бидат срушени.

Охридското Езеро не е имот на поединци. Тоа е наследство на сите нас , и на оние кои доаѓаат по нас.

КОЈ ЌЕ БИДЕ ДОВОЛНО ХРАБАР?

Прашањето кое се наметнува само по себе е: кој ќе биде доволно храбар од власта? Дали ќе се најде инспектор, обвинител или градоначалник кој нема да погледне настрана, кој нема да чека, кој нема да ги брои  врските , туку едноставно ќе го примени законот?

Дивоградбите не никнуваат само поради алчноста на инвеститорите. Тие никнуваат и поради неказнивоста која со години се гради рамо до рамо со нив.

Охридскај ќе продолжи да документира, да известува и да ги повикува надлежните на одговорност. Фотографиите постојат. Доказот постои. Сега е потребна само  волја за акција.

Текст: Редакција | Фото: Теренски соработници Охридскај — Независно новинарство во служба на јавниот интерес

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation