Background

ФОРМИРАН МЕЃУОПШТИНСКИ ОДБОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Претставници од Општина Охрид заедно со колеги од  останатите општини  од Пелагонискиот и Југозападниот регион  деновиве , во Скопје,   одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО). Станува збор за формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по европски стандарди.

На настанот се обратија Златко Перински, министер за локална самоуправа, Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС и Лена Фалкон, програмски директор во SALAR International.

Веднаш по поздравните обраќања, свечено се потпиша договорот за воспоставување на МОУО.Со воспоставувањето на МОУО, општините прават јасен премин од досегашните ад-хок и фрагментирани решенија кон стабилен, системски и одржлив пристап. Новиот регионален модел овозможува предвидливи процеси, јасни надлежности и координација помеѓу институциите, што резултира во подобра организација, поефикасно користење на ресурсите, поквалитетни услуги и поголема сигурност за граѓаните. Овој системски пристап е суштински за да се обезбеди конзистентно, транспарентно и професионално управување со отпадот, усогласено со домашното законодавство и европските стандарди.

- Advertisement -
Ad image

Новоформираното тело ќе има обврска да:

  • усвојува регионални планови за управување со отпад,
  • ги одобрува клучните инвестиции во регионалната инфраструктура,
  • координира активности за затворање на постојните депонии и надминување на проблемите со дивите депонии,
  • го надгледува спроведувањето на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО),
  • обезбедува транспарентност и активно вклучување на граѓаните во процесот

Овој мандат на МОУО создава силна основа за стабилен, отчетен и долгорочно одржлив систем за управување со отпад на регионално ниво.

Со воспоставувањето на МОУО всушност започнува следната фаза од реформата за управување со отпад, која вклучува пред сѐ изработка на нов Регионален план за управување со отпад 2026–2032, финализирање на процесот за формирање на регионалното комунално претпријатие, координирање на работата на надлежните институции, но и засилен ангажман за целосно и навремено информирање на јавноста. Овие активности се суштински за воспоставување целосно оперативен РСУО.

Преку овој настан, градоначалниците од двата региона  покажаа високо ниво на единство, одговорност и визија за современи јавни услуги и почиста животна средина. Преку колективна одлука, тие покажаа дека регионалната соработка е клучна за развојот и квалитетот на живот на граѓаните.

Шведска и Швајцарија, како долгорочни партнери даваат поддршка во процесот, обезбедувајќи стабилност, експертиза и кредибилитет во секоја фаза од реформата.

Активностите се спроведени во рамки на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво”, поддржан од Шведска, имплементиран од SALAR International.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation