Фондација за хуманитарна помош во Газа (ГХФ), поддржана од Израел и од САД, соопшти дека 20 лица загинале во, како што го нарече, „трагичен инцидент“ во еден од нејзините центри за дистрибуција на хуманитарна помош во јужна Газа, објави Би-Би-Си.
Според соопштението, 19 лица биле згазени до смрт, а едно лице било избодено „во хаотичен и опасен наплив на луѓе“ на пунктот во областа Кхан Јунис. Во извештајот се додава дека се верува оти турканицата била предизвикана од „провокатори во толпата“ кои, наводно, биле поврзани со Хамас.
Извештајот засега не може независно да се потврди.
Меѓутоа, претходно, претставници од болницата Насер во Кан Јунис соопштија дека повеќе од 10 лица загинале, а други биле повредени поради „задушување“, откако приватното обезбедување на ГХФ го затворило пунктот за хуманитарна помош.