Во Европа имаме право да демонстрираме на мирен начин, но насилството и вандализмот никогаш не се решение, порача претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во врска со денешните насилни протести пред Канцеларијата на ЕУ во бугарскиот главен град Софија.
„Срамни сцени во Софија каде нашата ЕУ канцеларија беше оштетена“, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.
Реакцијата на Фон дер Лајен се однесува на инцидентите за време на протестите против плановите на властите за замена на левот со еврото во 2026 година, што ги организираше бугарската екстремно десничарска партија Преродба пред Канцеларијата на Европската Унија во Софија, на кои учествувале околу илјада лица.
За време на протестот приврзаници на Преродба фрлале боја, петарди и молотови коктели кон Канцеларијата на ЕУ, а до инцидентот дошло кога дел од нив се обиделе да упаднат во објектот, но биле спречени во таквата намера од страна на полицијата.
Според полициски извори, при инцидентот полесно се повредени 10 полицајци, додека шестмина демонстранти биле приведени.
Партијата Преродба, пак, информира дека меѓу приведените е и нејзиниот пратеник Ивајло Чорбов, додека двајца други пратеници се здобиле со повреди и се пренесени во болница.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
